×
ЗА НАС ИНФОРМАЦИИ ФИЛИЈАЛИ ШТЕТИ Е-ПОЛИСА КОНТАКТ
ЗА НАС


Не знаеме што не чека зад аголот. Но знаеме дека одлуките што ги носиме денес можат да бидат клучни за нашиот живот утре. Со осигурителните полиси на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје заштитите се од ненадејни невољи - Вие, семејството, бизност и предметите што ги сакате... Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје е компанија за неживотно осигурување со постојан раст, присутна на македонскиот пазар од 2007 година Нудиме квалитетни продукти и високи стандарди во комуникацијата со клиентите - индивидуалци, мали и средни претпријатија и институции. Се стремиме кон зголемување на нашето присуството на пазарот, постојано адаптирајќи ја понудата кон динамиката на живот и работа во Македонија. Стручноста на преку 100-те вработени се рефлектира низ услугите и осигурителните решенија прилагодени кон потребите на секој клиент, конкурентни, применливи, ефикасни и исплатливи. Негувајќи култура на доверба и успех, ние во ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје секогаш сме им посветени на осигурениците, унапредувајќи го угледот и растот на компанијата. Илјадници клиенти се уверија во ова и одлучија со нас да градат партнерски односи, на долги патеки... Сакаме во овие несигурни времиња да им помогнеме на луѓето да ја разберат потребата и да се заштитат од ризици - себеси, семејството, имотот и работата. Сакаме да Ви помогнеме да живеете барем со една грижа помалку. Затоа, осигурете ја својата иднина... уште денеска! Седиштето на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. е во Скопје, но дејствуваме низ цела Македонија преку подружниците во 20-тина градови. Нашите осигурителни продукти се нудат и преку брокерски друштва, лиценцирани застапници и голем број туристички агенции во земјата.



ВРЕДНОСТИ И ЗАЛОЖБИ НА ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ


Интегритет: фокусираност кон клиентите со отворен, искрен и фер однос. Доследна примена на законската регулатива, прописите и внатрешните правила. Отворени кон промените: за да бидеме успешни постојано се развиваме и прифаќаме промени. Ги слушаме реакциите на нашите осигуреници и секогаш сме отворени за искрен дијалог. Професионалност: гарантираме дека секогаш ќе наидете на стручен, а истовремено топол пристап во контактите со нашата компанија на сите нивоа. Се стремиме кон највисок квалитет и постојано унапредување во се што работиме. Тимска работа: функционираме како еден тим…како еден ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје! Ги вреднуваме разноликоста и талентот на нашите вработени и инвестираме во нивната обука. Сфаќаме дека нашиот успех се должи на искуството и знаењето внесено во комапнијата од секој член на тимот поединечно. Испорачуваме квалитет: целта ни е секој клиент да добие ефикасна услуга…и нешто повеќе! Тоа е нашата мерка за квалитет. Ги цениме Вашите пари, времето и довербата!