ОПШТА ОДГОВОРНОСТ
Претставува законската одговорност на осигуреникот за штета поради смрт, телесна повреда, нарушување на здравјето како и оштетување на предмети кои
му припаѓаат на трето лице настанато поради дејност на осигуреникот, а која произлегува поради поседување предмети, од правен однос или од одредени својства како извор на опасноста.
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЈНОСТ
- Зошто е потребно ова осигурување
Ова осигурување е Законски задолжителна обврска и Ваше обезбедување и заштита во случај на граѓанска
парница које е покрената од страна на Ваш клиент (трето лице), заради професионална грешка
или матерјална штета која сте ја предизвикале при совесно и професионално извршување на Вашата професија.
- Предмет на осигурување
Законска одговорност на осигуреникот за предизвикани материјални штети кон трети лица, од страна на физичко лице –поединец или вработени кај правно лице (трговско друштво).
- Осигурително покритие
Осигурувањето од професионална одговорност ги покрива штетите настанати по основ на пропусти и грешки при извршување на професионалната предметна професија, а кои може да имаат катастрофални последици на околината во која Вие работите, и со тоа да остават сериозен негативен печат на Вашата кариера.
Во зависност од Вашата дејност изберете осигурување од одговорност на професионална дејност на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД:
√ РЕВИЗОРИ
√ СУДСКИ ВЕШТАЦИ
√ ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА
√ СМЕТКОВОДИТЕЛИ
√ АГЕНЦИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
√ АДВОКАТИ
√ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ
√ ИЗВРШИТЕЛИ
√ МЕДИЈАТОРИ
√ НОТАРИ
√ ПРОЕКТАНТИ
√ ПРОЦЕНИТЕЛИ
√ ОДГОВОРНОСТ ПРИ СКЛАДИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД
√ ОДГОВОРНОСТ ПРИ ТРАНСПОРТ НА ОТПАД
√ ОДГОВОРНОСТ НА ИЗВЕДУВАЧИ НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ
√ ОДГОВОРНОСТ ОД УПОТРЕБА НА ПРОИЗВОД
√ РАКОВОДИТЕЛИ
√ ГЕОДЕТИ