Поим за потполно каско осигурување
Со потполно каско осигурување обезбедувате покритие на сопственото моторно возило без да се грижите кој е причинител на штетата. За разлика од осигурувањето од автомобилска одговорност, каско осигурувањето не е задолжително – што значи дека осигуреникот може доброволно да ја склучи полисата со намера моторното возило да го заштити од најразлични оштетувања.
Каско осигурување овозможува осигурително покритие од:
Основни ризици:
√ сообраќајна незгода
√ превртување
√ судар
√ удар
√ лизгање
√ паѓање или удар со предмет
√ пожар
√ надворешно термичко или хемиско дејство
√ удар на гром
√ експлозија
√ луња
√ град
√ снежна лавина
√ паѓање на воздушни летала
√ манифестации и демонстрации
√ кражба и разбојништво
√ злонамерни постапки и обест на трети лица
√ оштетување на тапацир
√ намерно предизвикана штета на возилото за да се спречи дополнително и поголемо оштетување на автомобилот, но и на други предмети или лица
√ поплава, порој и високи води.
Дополнителни ризици:
Покрај основните ризици дополнително може да ги осигурате возачот и патниците од последици на несреќен случај – незгода како и дополнителната опрема и багажот.
Повелете во нашите канцеларии и обезбедете каско осигурување за вашето возило со или без ваше учество(франшиза) во евентуалните штетни настани.
Како да постапите во случај на штетен настан?
Во случај на штетен настан потребно е истата да ја пријавите во дирекцијата на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД каде ќе бидете информирани за понатамошната постапка.