×
ЗА НАС ИНФОРМАЦИИ ФИЛИЈАЛИ ШТЕТИ Е-ПОЛИСА КОНТАКТ
E-ПОЛИСА

Oнлине Патничко Осигурување

Дирекција за Прием во осигурување и развој на продукти - патничко осигурување - Онлине

Оваа интерна процедура ги дефинира процесите при изготвување на полиси Патничко осигурување преку OnLINE на Web страната на Халк Осигурување, и тоа: Прв дел Влез и изработка на полиса Патничко осигурување OnLine на Web страната на Халк Осигурување од страна на клиент/осигуреник и Втор Дел Опис на активности и чекори UW Дирекција и поврзани сектори.и.

Влез и изработка на полиса Патничко осигурување OnLine на Web страната на Халк

Осигурување од страна на клиент/осигуреник

Опис на активности и чекори при купување на полиса патничко Онлине

Опис на активности и чекори

Најава на Web страната на Халк Осигурување

https://www.halkinsurance.com.mk/ Во горен десен агол се избира Е-ПОЛИСА

Се пристапува кон подстраница https://www.halkinsurance.com.mk/webshop.html

Избор на вид на полиса од понудените online продукти.

Продукт Патничко Осигурување – селектирање/клик на поле Купи Полиса

Се пристапува кон подстраница https://zpo.halkinsurance.mk/

1 - Избор на пакет

избор на пакет за патничко осигурување. Прифати Услови за осигурување и превземи документ. Зачувај и продолжи ⇒

2 - Договорувач

Внесување на податоци за договорувач и осигуреник од документ за идентификација ⇒

3 - Достава

Внесување на податоци за договорувач и осигуреник

4 - Преглед

Проверка на внесените параметри со клик на Преглед. По потреба ваќање на претходно мени за промена на параметри.

5 - Наплата

Извршување на плаќање. Принтање на полиса.

6 – Електронска порака за примена нарачка

По извршување на плаќањето кај нарачателот пристигнува електронска порака со потврда за примена нарачка.

7 – Електронска порака за реализирана нарачка

По прием на електронската порака за примена нарачка пристигнува втората електронска порака за реализирана нарачка. Електронската порака содржи договор за осигурување и пропратна документација.

8 – Заштита на лични податоци

При обработка на личните податоци, се применуваат основните начела за обработка на лични податоци, предвидени во членот 9 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/2020). Субјектите на лични податоци имаат право на пристап до нивните лични податоци, имаат право на исправка и бришење, имаат право на ограничување на обработка, имаат право на преносливост на податоците и имаат право на приговор и автоматизирано донесување на поединечни одлуки. Овие права кај субјектите на лични податоци, се остваруваат на едноставен начин преку поднесување на барање до Контролорот или до Офицерот за заштита на лични податоци на Контролорот. Контролор на лични податоци е Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, со седиште на ул.Мајка Тереза бр.1/2-приземје Скопје. Личните податоци на субјектите се обработуваат заради склучување на Договор за осигурување, како и заради понатамошно остварување на права и обврски кои произлегуваат од претходно склучен Договор за осигурување. Личните податоци на субјектите можат да бидат пренесени на корисници на лични податоци, а во таков случај контролорот постапува согласно член 94 од Законот за заштита на личните податоци, („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/2020). Контролорот може да изврши пренос на лични податоци надвор од територијата на Република Северна Македонија. Доколку податоците се пренесуваат на територија на Европска Унија и Европски Економски Простор, тогаш Контролорот за истото ја известува Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, доколку се појави потреба личните податоци да се пренесат во трети земји, тогаш Контролорот бара одобрение од страна на Агенцијата за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија. Трансферот на лични податоци се извршува врз основа на глава V (пренос на лични податоци) од Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/2020) и Правилникот за пренос на лични податоци на Агенцијата за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија. Временскиот период за чување на личните податоци за субјектите се определува согласно одредбите од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2002 и сите последователни измени и дополнувања). Давањето на лични податоци е законска обврска и претставува услов за склучување на полиса за осигурување. Субјектот на лични податоци има обврска да ги даде своите лични податоци, во спротивно нема да може да се потпише полиса за осигурување со Контролорот. Контролорот не применува автоматизиран процес на одлучување и не применува профилирање. Личните податоци не се обработуваат за други цели, односно се обработуваат само за целта за која се собрани. Контролорот применува високо ниво на технички и организациски мерки за заштита на личните податоци. Императив претставува примената на Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци на Агенцијата за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија. Сите информации во однос на начинот на обработката на личните податоци може да се побараат од Контролорот или од Офицерот за заштита на лични податоци на Контролорот.

Упатство за Oнлине Автоодговорност

Oнлине Автоодговорност

Дирекција за Прием во осигурување и развој на продукти - Автоодговорност - Онлине

Оваа интерна процедура ги дефинира процесите при изготвување на полиси Автоодговорност преку OnLINE на Web страната на Халк Осигурување, и тоа: Прв дел Влез и изработка на полиса Автоодговорност OnLine на Web страната на Халк Осигурување од страна на клиент/осигуреник и Втор Дел Опис на активности и чекори UW Дирекција и поврзани сектори.

Влез и изработка на полиса Автоодговорност

OnLine на Web страната на Халк Осигурување од страна на клиент/осигуреник

Опис на активности и чекори при купување на полиса Автоодговорност Онлине

Basic steps ОnLine MTPL Insurance

Опис на активности и чекори

Најава на Web страната на Халк Осигурување

https://www.halkinsurance.com.mk/ Во горен десен агол се избира Е-ПОЛИСА

Се пристапува кон подстраница https://www.halkinsurance.com.mk/webshop.html

Избор на вид на полиса од понудените online продукти.

Продукт Автоодговорност – селектирање/клик на поле Купи Полиса

Се пристапува кон подстраница https://ao.halkinsurance.mk/

1 - Пребарување

Пополнување на податоци за пребарување на полиса за обнова. Зачувај и продолжи⇒

2 - Податоци

Проверка на податоци превземени за обнова/изработка на Автоодговорност полиса. Зачувај и продолжи ⇒

3 - Наплата

Извршување на плаќање . Принтање на полиса

4 – Електронска порака за примена нарачка

По извршување на плаќањето кај нарачателот пристигнува електронска порака со потврда за примена нарачка

5 – Електронска порака за реализирана нарачка

По прием на електронската порака за примена нарачка пристигнува втората електронска порака за реализирана нарачка. Електронската порака содржи договор за осигурување и пропратна документација.

6 – Заштита на лични податоци