НАСТАНИ НОВОСТИ
×
ЗА НАС ИНФОРМАЦИИ ФИЛИЈАЛИ ШТЕТИ КОНТАКТ
НАСТАНИ НОВОСТИ

Здравјето на нашите клиенти и вработени е најважно!


Халк Осигурување е општествено одговорна компанија која посветува најголема грижа за своите вработени и клиенти, и која подготвено реагира давајќи свој придонес во обидите за спречување на ширењето на Covid-19 (корона вирус). Врз основа на моменталната состојба и препораките на Владата за справување со пандемијата, ги преземаме сите потребни мерки на претпазливост и одговорно однесување со цел да го заштитиме здравјето на нашите вработените, нивните семејства, клиентите и соработниците. И покрај настанатата ситуација, продолжуваме да сме целосно и континуирано посветени кон обврските спрема нашите осигуреници и останати клиенти со што продолжуваме со редовно вршење на дејноста и во вакви вонредни услови. Согласно усвоените мерки на Владата на Република Северна Македонија, а по препорака на Комисијата за заразни болести на Република Северна Македонија, со цел превенција на ширење на Корона вирусот, ги преземавме сите мерки за превенција и заштита на своите вработени и клиентите при што ве известуваме за следното:



ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОМЕНИ ВО РАБОТНОТО ВРЕМЕ


Подружницата во Дебар се додека траат мерките на Влада на Република Северна Македонија нема да работи, за секоја потреба можете да се обратите на email адресата или телефонски број споделен на нашата веб страна.

Работните процеси во сите Подружници/Продажни освен во Дебар се одвиваат непречено но со дополнително воспоставени мерки за заштита на вработените и клиентите, така што ве замолуваме, посетите на продажните места сведете ги на минимум, освен во итни и неопходни ситуации, но при евентуална посета задолжително дезинфицирајте се со средства за дезинфекција поставени на влезот од секоја Подружница.

Канцеларијата за пријава на штети во Генерална дирекција ќе работи со скратено работно време со странки од 09.00-15.00 часот. (09.00-14.00)

Генерална дирекција во Скопје работи непречено без промени во работното време но со дополнително воспоставени мерки за заштита на вработените и клиентите, така што ве замолуваме посетите во Генерална дирекција да се само во случај на итни и неопходни ситуации. При посета на Генералната дирекција задолжително пријавете се на пријавница пред самиот влез на деловните простории, наведете го работното лице кое сакате да го посетите и при евентуален влез во деловните простории задолжително дезинфицирајте се со средствата за дезинфекција поставени на влезот од деловниот простор.



КУПЕТЕ ПОЛИСА ОД ВАШИОТ ДОМ


Во насока на обезбедување континуирана соработка со нашите клиенти, но и поддршка на сите граѓани на Република Северна Македонија, ве упатуваме да се обратите на телефонскиот број 02/155-66, секој работен ден од 09.00-15.00 часот, преку кој од вашите домови ќе може да купите осигурување, да платите премија или пак да пријавите штета или да добиете секоја друга информација која ви е потребна. Полисите и понудите ќе бидат достапни истиот или најдоцна наредниот ден вашата наведена адреса prodazba@halkinsurance.com.mk



КОРИСНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ И АДРЕСИ


Општи информации:

За било каква информација, понуда, полиса за осигурување или друга потреба може да не исконтактирате на дежурните телефонски броеви во секој град каде што работат нашите филијали, секој работен ден од 09.00-15.00 часот. Во случај за потреба од дополнителни информации и поддршка ве молиме обратете се на email адресата info@halkinsurance.com.mk

Информации за пријава на штети:

Ви препорачуваме вашите пријави, прашања и консултации да ги доставите по електронски пат на email адресата prijava.steti@halkinsurance.com.mk или на телефонскиот број 02/155-66 секој работен ден од 09.00-15.00 часот.

Информации за веќе пријавени оштетени побарувања:

- Информации за комисиски записник и процена на штети - Локал 164;

- Нематеријални и Материјални штети пријавени со полициски записник – Локал 126 и Локал 117;

- Штети пријавени со Европски извештај, патничко осигурување и доброволно приватно здравствено осигурување – Локал 167;

- Штети Каско и Делумно Каско (Кршење стакло) Локал 141;