×
ЗА НАС ИНФОРМАЦИИ ФИЛИЈАЛИ ШТЕТИ КОНТАКТ
ШТЕТИ


Во ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје при исплатата на средствата за надомест на штета се придржуваме до начелото на солидарност и законитост. Договорените и неспорни штети ги исплаќаме веднаш, односно најдоцна за 14 дена од денот на решавање на случајот.

При поголеми штети исплаќаме аконтација пред конечната пресметка за висината на вкупната штета. Основна функција на осигурувањето е соодветен и брз надомест за претрпената штета, а нашата компанија строго се држи до тие принципи.



ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТА


Во случај на сообраќајна незгода со возило со македонски регистарски таблички, при што причинителот/одговорниот за незгодата има полиса во ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје, треба да се поднесе барање за надомест на штетата во Дирекцијата во Скопје или во најблиската филијала низ Македонија.

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје во најкус можен рок ќе изврши проценка и пресметка за претрпената штета и ќе ја надомести.