×
ЗА НАС ИНФОРМАЦИИ ФИЛИЈАЛИ ШТЕТИ Е-ПОЛИСА КОНТАКТ
ОСИГУРУВАЊЕ ИМОТ

ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОМАЌИНСТВО


Местото во кое градиме иднина и продуцираме спомени е нашиот ДОМ. Нашиот дом е инвестиција која за да ја создадеме потребни ни се средства, време и енергија. Со Халк Осигурување АД Скопје обезбедете го вашиот дом и вредностите во него со полиса за домакинско осигурување. Предмети на осигурување со полисата за осигурување се градежниот објект-стан/куќа, предмети на домаќинско- покуќнината, хартии од вредност,готовина, ументнички предмети, скапоцености, лични исправи, документи како и можност за осигурување на сончеви колектори и сателитски антени.


ШТО ПОКРИВА ОВА ОСИГУРУВАЊЕ


Со доплата за некој од пакетите за осигурување на домаќинството, можете да ги осигурате домот и предметите во домаќинството од штети предизвикани од ризикот земјотрес.



ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПОЖАР И ДРУГИ ОПАСНОСТИ


Пожар предизвикан од инсталација или поплава од водоводна и канализациона инсталација се немили настани кои можат да предизвикаат оштетувања на имотот и стварите во огромни размери. Штетата која ќе ја претрпите најлесно и најбрзо може да ја покриете доколку поседувате полиса за осигурување од пожар и некои други опасности на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД. Предмет на осигурување може да бидат недвижности и подвижни предмети: Градежни објекти, куќи, станови, викендици, канцеларии или други деловни објекти, фабрики, опрема, вградена механичка опрема и вградени инсталации, машини, мебел, инсталации, пари, резерви од стока и други предмети.

Основни ризици :

  • Пожар и удар од гром
  • Експлозија
  • Силен ветер
  • Град
  • Луња
  • Излевање од водоводна, топлотна и канализациска инсталација
  • Паѓање на воздушни летала
  • Манифестации и демонстраци
  • Удар со сопствено моторно возило во осигуран објект
  • Паѓање на воздушни летала
  • Дополнителни ризици

  • Поплава, порои и високи води; Лизгање и одронување на земјиште; Слегнување на тло, Снежна лавина; Земјотрес, Удар од непознато моторно возило во осигурениот градежен објект, истекување, самозапалување на залихи, истекување на вжарена течна растопена маса.

Со дополнителна премија за осигурување може да се осигурате и од следните ризици: Поплава, порој и високи води, слегнување на тло, лизгање и одронување на земјиште, снежна лавина, удар од непознато моторно возило во осигурениот градежен објект, истекување, самозапалување на залихи, истекување на вжарена течна растопена маса.



ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПРОВАЛНА КРАЖБА И РАЗБОЈНИШТВО



Со осигурување од провална кражба и разбојништво ќе ги заштитите Вашите подвижни ствари од штетите поради кражба, оштетување или уништување во кражбата како и при обид за кражба.

Предмет на осигурување можат да бидат: подвижни предмети, опрема, мебел, залиха на стока, пари во каси и сеф и пари при пренос, хартии од вредност, други вредни предмети.

Осигурени опасности:

  • Осигурувањето од провална кражба и разбојништво ја покрива штетата направена на осигурените украдени предмети, уништени или оштетени при кражба, односно обидите за истата.
  • Причинетата штета на градежните објекти настаната при провална кражба и разбојништво, како и при обид за кражба.


ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОСЕВИ И ПЛОДОВИ



Земјоделството е постојано изложено на ненадејни временски непогоди кои можат значително да ги намалат приносите. ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД нуди земјоделско осигурување како една од финансиските алатки која фармерите можат да ја искористат за да го ублажат ударот од непредвидливите ризици. Осигурете ги посевите (вклучувајќи посртни, подпосеви и меѓупосеви), плодовите, ливадските треви, лековитите билки, украсните растенија, овоштарниците и лозјата, младите овоштарници и лозја пред појавувањето на род, расадниот материјал (овошен, лозов или шумски), младите шумски култури до наполнети 6 години, врбите за плетење и трските.

Осигурени опасности

  • Основни ризци – град, пожар, удар од гром;
  • Дополнителни ризици – олуја, пролетен мраз, губење на квалитет на производот и поплава.
  • Посебни видови на осигурувања

  • Осигурување на посеви и плодови од губење на семенскиот квалитет
  • Осигурување на лозови пењушки
  • Осигурување на овошни плодови и трпезно грозје од губење на количеството и квалитетот.
  • Осигурување на посеви и плодови во оранжерии и пластеници

Сума на осигурување

Сумата на осигурување се утврдува врз основа на очекуваниот принос по еден хектар и цената по еден килограм.



ОСИГУРУВАЊЕ НА МАШИНИ ОД КРШЕЊЕ



Секој бизнис е онолку безбеден колку што се безбедни алатките за работа. Со полиса за осигурување на машини од кршење на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД ќе обезбедите брзо вклучување на машините во работниот процес по настанатата штета. Предмет на осигурување: машини и машински уреди, апарати, инсталации, трафостаници, електрична опрема и други уреди, лифтови, гасоводи, цевководи, котли како и останата машинска опрема. Осигурени опасности

Осигурени опасности

  • Cо осигурувањето се надоместува ненадејна и непредвидлива физичка штета или оштетување за кое треба да се изврши поправка или замена на осигурените предмети.
  • Механичко расипување.
  • Грешки во конструкцијата, материјалот или изработката
  • Дејство на електрична енергија (куса врска, индиректен удар на гром)
  • Откажување на сигурносните и регулационите уреди
  • Паѓање и превртување


ОСИГУРУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ ВО ГРАДБА



Предмет на осигурување: објекти во градба (новоградби, реконструкции, санациии, доградби, надградби, градежен и инсталациски материјали, опрема која е наменета за вградување во објектот)

Осигурени опасности

Основни ризици

  • Пожар
  • Удар од гром
  • Експлозија
  • Излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација
  • Луња
  • Град
  • ПУдар со сопствено моторно возило во осигуран објект
  • Манифестација и демонстрација
  • Паѓање на воздушни летала
  • Градежна незгода
  • Неспретност, невнимание или лоша работа на работникот или на некое друго лице
  • Дополнителни ризици

  • Поплава порој и високи води, Одронување на земјиште, слегнување на тло, снежна лавина, мраз и снег, Одговорност од дејност на изведувачот на градежните работи, Осигурување на градежни работи во гарантен рок, Провална кражба


ОСИГУРУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ ВО МОНТАЖА



Предмет на осигурување: метални конструкции, машини, машинска и електро опрема, инсталации и апарати како и темелите, ако нивната вредност е содржана во вредноста на објектот во монтажа, опремата и помошните објекти опфатени во пресметковната вредност на овие објекти, градежниот дел кој се гради исклучиво за потребите на објектите во монтажа.

Осигурени опасности

Основни ризици

  • Пожар
  • Удар од гром
  • Експлозија
  • Излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација
  • Луња
  • Град
  • ПУдар со сопствено моторно возило во осигуран објект
  • Манифестација и демонстрација
  • Паѓање на воздушни летала
  • Градежна незгода
  • Неспретност, невнимание или лоша работа на работникот или на некое друго лице
  • Дополнителни ризици

  • Поплава порој и високи води, Одронување на земјиште, слегнување на тло, снежна лавина, мраз и снег, Одговорност од дејност на изведувачот на монтажните работи, Осигурување на градежни работи во гарантен рок, Провална кражба.


КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ СМЕТАЧИ И ПРОЦЕСОРИ



Предмет на осигурување: сите електронски сметачи, печатари, сметачки процесори, и слични електронски уреди. Истите може да се осигураат од комбинирани ризици како што се пожар и некои други опасности, провална кражба и разбојништво и кршење на машини.

Осигурени опасности

  • Пожар и некои други опасности: пожар, удар од гром, експлозија, излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација, луња, град, удар со сопствено моторно возило во осигуран објект, манифестација и демонстрација, паѓање на воздушни летала, дополнителни ризици (поплава порој и високи води, одронување на земјиште, слегнување на тло, снежна лавина).
  • Кршење на машини: ненадејна и непредвидлива физичка штета или оштетување за кое треба да се изврши поправка или замена на осигурените предмети, механичко расипување, грешки во конструкцијата, материјалот или изработката, дејство на електрична енергија (куса врска, индиректен удар на гром), откажување на сигурносните и регулационите уреди, паѓање и превртување.
  • Провална кражба и разбојништво.


OСИГУРУВАЊЕ НА СТАКЛО ОД КРШЕЊЕ



Предмет на осигурување: Сите видови на подвижни и неподвижни стакла, стакло на прозорци и врати, расветни и рекламни натписи, паноа, плочи од природен и вештачки камен на пултови, полици, огледала, споменици и др. Покрај светлосните реклами, осигурени се и составните делови, односно нестаклените делови и рамови

Осигурени опасности Кршење од кои било причини. Обештетување за штети настанати на осигуреното стакло поради пукнатина или кршење, како и трошоците за монтажа. Кај неонските и другите светлечки цевки – предизвикана штета од дејство на електрична струја (краток спој), гром, палење на каблите, грешка во конструкцијата.



OСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ



Предмет на осигурување: можат да бидат сите видови на домашни здрави животни, но не и нивните производи. Некои видови на диви животни кои се чуваат во соодветни услови.

Осигурени опасности

  • Пцовисување, принудно колење или погубување поради болест или несреќен случај,
  • ⎫ Дополнителни ризици кои можат да се вклучат заедно со основниот ризик: осигурување на машки приплодни грла од губиток на приплодната способност, губење на теле или ждребе при породување, осигурување од ризикот губиток на приплодната способност на јуници и крави.
  • Сума на осигурување

    Животните се осигуруваат на вредност која ќе се договори со договорувачот.